8 трикови со кои виното ќе биде повкусно
Ако сте љубител на вино кој постојано е во потрага по нова чаша задоволство, овие трикови ќе ви бидат добредојдени.

Некои од нив имаат моќ да го направат повкусно дури и најевтиното вино.
1. Замрзнете вино во калапи за мраз, за никогаш повеќе да не пиете вино со мраз кој кога ќе се стопи ќе го разреди вкусот.

2. Ако забележите дека виното има грутки од тапата, процедете го низ филтер за кафе.

3. Ако купивте вино на собна температура и сакате побрзо да го отворите, замотајте го во мокра хартија и ладете го 20-тина минути. Инстантно оладено!

4. Како да користите клуч во замена за отворач:

5. Виното ќе остане повкусно ако го чувате хоризонтално легнато во фрижидер.

6. Изладете го топлото вино за 10 минути, така што ќе го потопите во сад со мраз во кој ќе додадете малку вода и сол.

7. Подобрете го вкусот на евтиното вино со тоа што ќе ставите малку шумско овошје во чашата.

8. Уште една алтернатива за мразот – замрзнато грозје. На тој начин ќе имате ладно вино без да го разредите со вода.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...