Вкусен коктел за крај на летото: Шејк од банана со рум

Ги одбројуваме последните денови од летото, но тоа не значи дека не можеме да се освежиме со некој вкусен коктел.

vkusen-koktel-za-kraj-na-letoto-shejk-od-banana-so-rum-01.jpg

Иако е калоричен, овој интересен шејк од банана ќе ве освежи и ќе ве подготви за есенските денови што претстојат. Се подготвува брзо и лесно.

Потребни состојки:

  • 2 банани со средна голема (може да бидат и замрзнати)
  • една мала чашка рум (ставете рум во чашка за ракија)
  • една лажичка кафеав шеќер
  • половина лажичка цимет
  • мраз
  • шлаг (по желба)

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер. Подготвениот пијалак послужете го во висока чаша со цевка. Овој коктел е уште повкусен ако одозгора ставите прелив од карамела.

vkusen-koktel-za-kraj-na-letoto-shejk-od-banana-so-rum-02.gif

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава