Пиењето чај го намалува ризикот од глауком

Шолја топол чај не само што ќе ве стопли и релаксира во овие студени денови, туку и ќе ви ги заштити очите.

pienjeto-chaj-go-namaluva-rizikot-od-glaukom-01.jpg

Некои луѓе веруваат дека шолја чај на ден може да излечи многу работи, а изгледа тоа не е многу далеку од вистината. Едно неодамнешно истражување во Велика Британија докажа дека чајот го намалува ризикот од глауком.

Истражувачите не тврдат дека чајот сосема ќе ве заштити од оваа состојба, но веруваат дека антиоксидантите и природните антивоспалителни состојки од чајот играат значајна улога во намалување на шансите за развој на глауком кај една личност.

Глаукомот, која погодува 57.5 милиони луѓе низ светот, е предизвикан од притисокот на течностите во окото кои го оштетуваат оптичкиот нерв и тоа води до постепено оштетување на видот, па дури и до слепило ако не се третира.

pienjeto-chaj-go-namaluva-rizikot-od-glaukom-02.jpg

Иако ризикот за појава се зголемува со годините, но глаукомот може да се појави и кај бебиња и млади луѓе.

Во истражувањето учествувале 1.678 учесници над 40 годишна возраст и долго време се мерело што консумираат и како тоа влијае на здравјето на нивните очите.

Заклучокот е дека чајот навистина позитивно делува, па уште вечерва почестете се со шолја топол чај.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава