Топли пијалаци за побрз метаболизам: 3 чаеви кои ги топат масните наслаги

Чаевите благотворно делуваат на целокупната здравствена состојба, а некои од нив можат да помогнат во слабеењето и топењето на масните наслаги.

topli-napitoci-ko-go-zabrzuvaat-metabolizmot-3-vidovi-chaj-koishto-gi-topat-masnite-naslagi-2.jpg

Чајот можеби не е првото нешто што би го препорачал нутриционист како дел од секојдневната исхрана, но секако, препорачливо е да го консумирате поради здравствените придобивки.

Доколку сакате да ги воведете во своето секојдневно мени, во продолжение прочитајте кои чаеви ќе влијаат на вашата линија:

Зелен чај - поради антиоксидансите кои ги содржи често се препорачува да го пијат оние кои се на режим на исхрана за слабеење.

Подобра варијанта е чајот мача, односно зелен чај во прав, во којшто корисните состојки се со далеку поголема концентрација. Состојката катеин е антиоксиданс којшто може дури и да го намали создавањето на масните клетки.

Сепак, внимавајте на дневната доза, една шолја зелен чај изутрина е сосема доволна.

topli-napitoci-ko-go-zabrzuvaat-metabolizmot-3-vidovi-chaj-koishto-gi-topat-masnite-naslagi-3.jpg

Црн чај - се добива од растението чај, со ферментирање на листовите. Варијантите како улонг и пу-ер се богати со кофеин, којшто го забрзува метаболизмот.

Иако, многумина ќе ви потенцираат дека црниот чај е одличен во комбинација со млеко, нутриционистите советуваат да не го консумирате на овој начин.

topli-napitoci-ko-go-zabrzuvaat-metabolizmot-3-vidovi-chaj-koishto-gi-topat-masnite-naslagi-4.jpg

Чај од нане – познат е по тоа што го подобрува варењето на храната, а влијае и на намалување на апетитот.

Доколку не сте голем љубител на чист чај од нане, можете да додадете неколку ливчиња нане во млака вода со лимон, во оваа комбинација нането нема многу интензивен вкус.

topli-napitoci-ko-go-zabrzuvaat-metabolizmot-3-vidovi-chaj-koishto-gi-topat-masnite-naslagi-5.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
За 5 дена ги топи масните наслаги – Како се прави чајот што Јелена Ѓоковиќ го пие секое утро? Доволно е само 5 дена да пиете од овој чај за да го забрзате метаболизмот, да го...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg