Кралски појадок: Зелено смути за здрава кожа и добра линија


Кралски појадок: Зелено смути за здрава кожа и добра линија

Кељ е основата на ова смути, кое можеби не звучи највкусно, но може да направи чудо за вашето здравје и тело. Неговите листови се баш како млада блитва или спанаќ, па во сиров облик може многу лесно да станат дел од здраво смути.

kralski-pojadok-zeleno-smuti-za-zdrava-kozha-i-dobra-linija-01.jpg

Многумина ова смути го нарекуваат „кралско“ бидејќи го практикува и Кејт Мидлтон, како витамински сојузник наутро.

Дајте му шанса бидејќи е одличен мултивитамин за кожата, па покрај тоа што ќе ви помогне да ја сочувате здравата тежина, ќе ви помогне и во тоа кожата да остане сјајна и чиста.

Потребно ви е:

  • 100g свеж кељ во листови
  • 200ml свеж сок од јаболка
  • 1 стебло целер
  • 1 лажица сок од лимон
  • Неколку коцки мраз

kralski-pojadok-zeleno-smuti-za-zdrava-kozha-i-dobra-linija-02.jpg

Сите состојки ставете ги во блендер или апарат за смути и мешајте ги неколку минути додека не добиете густ пијалак.

Пијте го наутро, како замена за појадокот.

kralski-pojadok-zeleno-smuti-za-zdrava-kozha-i-dobra-linija-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сок од цвекло: Моќен пијалак кој топи 5 килограми за 2 недели Предностите на цвеклото веќе на сите ни се добро познати. Освен што ја зајакнува...
Зошто пивото е добро за вашето здравје? Ако уживате во ладно пиво, особено во летните горештини, имаме добри вести за ва...
7 рецепти: Вино + овошје = Рај во чаша Ретко кој не сака алкохолно освежување среде лето, посебно ако е составено од ом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg