5 смутија со јагоди готови за 5 минути

Во овој период од годината, ако можете, буквално во сè треба да додадете јаготки и да ја искористите максимално нивната сезона.

5-smutija-so-jagodi-gotovi-za-5-minuti-001.jpg

Овие 5 смутија се здрави, лесни за подготовка и покрај тоа што се вкусни, позитивно ќе влијаат на апетитот и линијата.

Состојките се различни, а подготовката е иста – ги ставате сите состојки во блендер и мешате 2-3 минути додека не добиете густа смеса.

Одберете го омиленото и пробајте го уште денес:

Смути со овесна каша

  • 1 шолја млеко од соја
  • ½ шолја овесни снегулки
  • 1 банана
  • 14 јаготки
  • ½ лажичка екстракт од ванила

5-smutija-so-jagodi-gotovi-za-5-minuti-01.jpg

Смути со портокал и банана

  • ¾ чаша сок од портокал
  • 1 шолја свежи јагоди
  • 1 банана
  • Мраз

5-smutija-so-jagodi-gotovi-za-5-minuti-02.jpg

Розово смути со киви

  • 1 банана
  • 10 јагоди
  • 1 киви
  • ½ шолја павлака или густ јогурт
  • ¾ шолја сок од портокал или ананас

5-smutija-so-jagodi-gotovi-za-5-minuti-03.jpg

Смути од јагоди и ананас

  • 1 шолја јагоди
  • ¾ шолја млеко
  • ¾ шолја сок од ананас
  • Мраз
  • Може да додадете и неколку парчиња свеж ананас

5-smutija-so-jagodi-gotovi-za-5-minuti-04.jpg

Смути со шмек на кокос

  • 2 ½ шолји јагоди
  • 1 излупен портокал
  • ½ шолја кокосово млеко
  • Мраз

5-smutija-so-jagodi-gotovi-za-5-minuti-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава