Рецепт за сок против константен замор

Честото зевање, безволноста и брзото заморување се само дел од симптомите кои укажуваат дека заморот ве совладал.

recept-za-sok-protiv-konstanten-zamor-001.jpg

За среќа, постојат брзи и ефикасни начини на кои можете да си ја повратите енергијата во телото, благодарение на овошјата и зеленчуците кои ни се достапни во овој период од годината.

За оваа енергетска бомба во чаша, потребни ви се:

  • 4 листови блитва
  • 1 рендан морков со средна големина
  • 1 цеден портокал
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици сок од лимон
  • ½ лажичка куркума
  • Малку свежо цвекло
  • Малку рендан ѓумбир
  • 2dl вода
  • Мраз

Сите состојки ставете ги во блендер или соковник, измешајте неколку минути и испијте додека е тазе подготвено.

Пијалакот може да го пиете на гладно или после појадокот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава