Rosé Aperol Spritz – Новиот омилен летен коктел
Летните вечери повикуваат на безгрижни дружења во кругот на блиските луѓе, а како совршено дополнување доаѓа и уживањето во освежувачкиот Aperol, кој ова лето добива мала модификација.

Rosé виното во комбинација со горко-освежувачкиот вкус на Aperol е добитна комбинација за топлите денови и ноќи.

На Инстаграм ќе најдете многу фотки кои делуваат неодоливо вкусно, па затоа ви го пренесуваме рецептот кој може да го направите сами дома:
- ¾ шолја тоник
- ¼ шолја Aperol
- ¼ свежо цедена лимета
- 750ml розе вино
- Мраз
Помешајте ги сите состојки заедно во голем бокал и украсете со парчиња грејпфрут или портокал.
Уживајте!


М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...