Направете си сок од лубеница и лимон кој лесно може да се претвори во алкохолен коктел

Слично како шминката или облеката која со мали модификации може да се адаптира од дневна во ноќна, ова правило важи за повеќе работи во животот.

napravete-si-sok-od-lubenica-i-limon-koj-lesno-moze-da-se-pretvori-vo-alkoholen-koktel-001.jpg

Една од нив се секако природните овошни напитоци кои може за 10 секунди да ги претворите во вкусен алкохолен коктел.

Но, да почнеме со безалкохолното – сок од лубеница и лимон.

napravete-si-sok-od-lubenica-i-limon-koj-lesno-moze-da-se-pretvori-vo-alkoholen-koktel-1.jpg

Ќе се изненадите колку всушност лубеницата е подеднакво пријатна за консумирање и во течна форма. Со оглед на фактот што дури 92% од нејзиниот состав ѝ припаѓаат на водата, тоа ја прави одличен производ за во соковник.

За разлика од другите овошја со кои ќе се намачите, бидејќи ви е потребна поголема количина да добиете сок, со лубеницата го немате тој проблем.

Само една голема резанка како на фотката ќе ви даде 500 ml свеж сок.

napravete-si-sok-od-lubenica-i-limon-koj-lesno-moze-da-se-pretvori-vo-alkoholen-koktel-5.jpg

На ова додадете 1-2 поголеми лимони, во зависност од тоа колку киселкаст го сакате сокот, и неколку коцки мраз, а можете да го зачините и со свежи ливчиња нане за уште поголемо освежување.

За алкохолната варијанта едноставно додадете вотка – онолку колку што сакате да ви биде јак коктелот.

napravete-si-sok-od-lubenica-i-limon-koj-lesno-moze-da-se-pretvori-vo-alkoholen-koktel-3.jpg

Доколку се прашувате зошто би пиеле сок од лубеница, позитивните причини се многубројни:

Богата со ликопен и витамин Ц

Дали сте знаеле дека во лубеницата има повеќе ликопен отколку во доматите? Тој ја создава онаа розовоцрвеникава боја во производите, а се грижи за срцето, односно спречува кардиоваскуларни заболувања и го намалува нивото на лошиот холестерол.

Во комбинација со витаминот Ц, лубеницата е одличен борец против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките го организмот.

Спречува дехидрираност

Како што споменавме, лубеницата во најголем процент е составена од вода, па во овие жешки летни денови одлично ќе се освежи и ќе ги надомести течностите кои сте ги изгубиле во текот на денот поради високите температури.

Ги намалува килограмите

Поради растителните влакна кои ги има во себе, лубеницата и во нормална и во течна форма дава чувство на ситост и полн стомак. Нормално, не содржи воопшто масти и многу малку овошен шеќер, што ја прави одличен избор за здрав режим на исхрана.

napravete-si-sok-od-lubenica-i-limon-koj-lesno-moze-da-se-pretvori-vo-alkoholen-koktel-2.jpg

(О)Милена | Црнобело
Фото: (О)Милена

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg