Месечево млеко - фотогеничен пијалак против несоница

Дали кога бевте деца, вашите мајки и баби ви подготвуваа топло млеко со малку мед, за поубаво да заспиете? Можеби уште ја практикувате таа навика?

mesechevo-mleko-fotogenichen-pijalak-protiv-nesonica-001.jpg

Ваквото млеко во моментов е еден од најпопуларните трендови на Инстаграм, а доколку го заследите хаштагот #moonmilk, ќе пронајдете илјадници фотографии токму од вака подготвено млеко, збогатено со други состојки, од кое корисниците се воодушевени.

Во многу од описите пишува дека ваквиот пијалак помага при несоница, но и ги одржува хормоните во здрава рамнотежа.

За што станува збор всушност?

Рецептот кој ни е познат уште од нашето најрано детство, всушност припаѓа и на ајурведската медицина и е редовен дел од холистичките терапии.

Во основа, се подготвува од топло кравјо млеко, една лажичка мед и малку цимет.

Ваквата комбинација влијае врз смирување на лачењето на кортизолот, хормон кој интензивно се лачи при стресни ситуации и кој нè остава без сон кога сме нервозни.

mesechevo-mleko-fotogenichen-pijalak-protiv-nesonica-2.jpg

Дополнително, корисниците на Инстаграм кои го испробале овој рецепт, во млекото додаваат и други состојки со кои течноста добива пастелни бои, на пример мача во прав, куркума, сина спирулина, активен јаглен или екстракт од некое овошје.

Во зависност од тоа што избирате да додадете, ја збогатувате хранливоста и лековитоста на напивката.

Така, ако воведувате ритуал за пред спиење, започнете токму од овој рецепт.

mesechevo-mleko-fotogenichen-pijalak-protiv-nesonica-3.png

mesechevo-mleko-fotogenichen-pijalak-protiv-nesonica-4.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg