9 состојки кои Кортни Кардашијан ги става во своето смути за носење и ја одржува тежината од 44,4 kg
Секоја сестра од семејството Кардашијан си има своја пасија за која очигледно е професионалец. Кајли царува во светот на шминките, Клои го има најдобриот рецепт за совршено обликувано тело, а Кортни очигледно ги знае правилата за здрав живот.

Таа дури во одреден момент престанала да користи антиперспирант и се обидела да направи свој. Сепак, овој рецепт не е воопшто радикален и не дозволувајте да ве уплаши неговата изразена зелена боја.
Напротив, рецептот за смути на Кортни е здрав и вкусен. Еве ги деветте состојки со кои Кортни успешно ја одржува тежината од 44,4 kg:
- 1 ½ шолја вода
- 1 шолја спанаќ
- ½ шолја сечкан ананас
- 2 лажици магдонос
- 1 лажица рендан свеж ѓумбир
- 1 шолја излупена исечкана краставица
- ½ шолја киви
- ½ авокадо
- 1 лажица агаве сируп

(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...