Можете ли да погодите каде се пие најдоброто кафе во светот?

Нималку евтино, но си ја оправдува цената. Шолјата кафе во овие градови е многу повеќе од навика, таа е ритуал, култура и печат на градот.

Kade-se-pie-najdobroto-kafe-vo-svetot-01.png

„Темниот еликсир“ понекогаш го заменува и појадокот и најчесто е најдобриот дел од денот, можност да украдете некоја минута само за себе и своите мисли или моментот кога ќе се поврзете најдобро со пријателите преку голтка вкусно кафе испиено „од нога“ или долга седенка со неколку шолји во низа.

Еве каде може да го вкусите најдоброто кафе на светот:

Сао Паоло, Бразил

Централна и Јужна Америка се деловите каде што се одгледува кафе со совршен распон во поглед на вкусот. Надморската висина овозможува совршена киселост, а идеалната температура ги прави зрната кафе да се одликуваат со врвен квалитет.

Бразил е најголемиот произведувач на кафе во светски рамки во последните 150 години. Особено се познати видовите Арабика и Робуста.

Сао Паоло брои премногу кафетерии наменети за уживање во кофеинската напивка и дефинитивно нема да погрешите доколку се напиете шолја во традиционалните Sofa Café, Café Floresta и The Little Coffee Shop или пак модерните Beluga i Octavio.

Kade-se-pie-najdobroto-kafe-vo-svetot (5).jpg

Истанбул, Турција

Турците имаат обичај да кажат дека кафето мора да биде црно како пеколот, силно како смртта и слатко како љубовта. Кај нив кафето обично се служи по јадењето, а се прави во бакарно ѓезве.

Со цел да се ублажи горчината на кафето често пати се служи со турски специјалитет, најчесто локум.

Најомилените шолји за кафе се токму порцеланските, а Истанбул е практично „Мека“ за љубителите на доброто кафе. Автентичната турска кафе-култура може да ја доживеете во Pierre Loti Café и Fazil Bey.

Kade-se-pie-najdobroto-kafe-vo-svetot (1).jpg

Милано, Италија

Најпопуларно е секако еспресото кое традиционално се служи во минијатурни шолјички и се стоечки „од нога“. Интересно е тоа што Италијанците сметаат дека не е добро да се нарачува и пие капучино во ноќните часови, бидејќи утрото е најдоброто време да се ужива во неговиот вкус.

Ќе се напиете одлично кафе во Orsonero, Marchesi, Taglio, Caffe Napoli и Moleskine Café.

Kade-se-pie-najdobroto-kafe-vo-svetot (2).jpg

Џакарта, Индонезија

Неизбежно составен дел од животот во Индонезија е токму кафето. Оваа земја е позната по извонредните сорти на кафе, вклучувајќи ги Јава, Суматра, Гајо и многу други.

Воедно, жителите и посетителите имаат можност да ја вкусат најскапата сорта на кафе во светот токму во Индонезија, наречена Kopi Luwak.

Името го има добиено по цицачите кои се нарекуваат „лувак“ кои се качуваат на дрвјата на кои се одгледува кафето, ги јадат зрелите плодови кои при поминување низ нивниот дигестивен тракт претрпуваат одредени хемиски процеси и ферментираат.

Желудочните сокови отстрануваат дел од кофеинот и протеините, по што преку изметот животните исфрлаат обработени зрна на кафе. Откако добро ќе се исчистат и исушат на сонце, зрната се пржат и се консумираат, а кафето наводно има вкус на чоколадо и карамела. 

Kade-se-pie-najdobroto-kafe-vo-svetot (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Хит-рецепт за освежување: Ледено кафе со банани (видео) Овој рецепт ќе им стане омилен на оние што денот го започнуваат со кафе и банана...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...
Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите? Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не остан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg