Алкохолно загревање за оваа зима: Празничен пунч, наместо варено вино

Покрај вареното вино, пунчот е вториот најпопуларен зимски пијалак кој содржи алкохол во својот состав. Овој класичен зимски напиток своите корени ги влече од Индија.

alkoholno-zagrevanje-za-ovaa-zima-praznicen-punc-namesto-vareno-vino-01.jpg

Најчесто се опишува како заводлива мешавина на зимски ароми. Името му потекнува од 5 состојки кои најчесто се користеле за неговата подготовка: arrak (алкохолен пијалак од палминов шеќер и ориз), лимон, чај или вода, зачини и уште малку обичен шеќер.

Со текот на времето рецептот се менувал, а денес пунчот се консумира во 2 варијанти–топол или ладен. Со него најдобри оди исечкано овошје, цимет, рум, каранфилче, а доколку сакате да уживате во овој прекрасен напиток, прочитајте го рецептот и секако – подгответе го.

Потребни состојки:

  • 3 шишиња Somersby Cider (вкус по желба – јаболко, боровница, круша…)
  • 1 стапче цимет
  • 10 каранфилчиња
  • Малку анасон
  • 1 лимон или портокал, зелено јаболко, боровници…
  • Малку мускатно оревче

Начин на подготовка:

1. Целата содржина на одбраните Somersby Cider се истураат во подлабоко тенџере и се додаваат зачини по желба.

2. Мешавината треба да се загрее, но да внимавате да не прекипи.

3. Топлиот пунч се служи во декоративни шолји, се украсува со резанки портокал или лимон, се додава ѕвездест анасон како денорација и на крајот мускатно оревче по желба.

* Овие состојки се доволни за подготовка на 1 литар топол пунч.

alkoholno-zagrevanje-za-ovaa-zima-praznicen-punc-namesto-vareno-vino-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава