Тоник против мамурлак од 5 состојки – рецепт кој ќе ви биде неопходен по празничните прослави

Празничната сезона е резервирана за многу прослави од секаков тип, а на секоја од нив, тешко е да се воздржите од вкусната храна и некоја чашка повеќе алкохол.

tonik-protiv-mamurlak-od-5-sostojki-recept-koj-kje-vi-bide-neophoden-po-praznichnite-proslavi-01.jpg

Иако вечерта сè изгледа совршено, сите знаат што ги чека следното утро ако претераат со малку алкохол.

За среќа, нутриционистката Џесика Сепел открива тоник кој се подготвува во домашни услови и има моќ да ве „излечи“ од мамурлак.

Се подготвува со намирници кои сите ги имаат дома, а состојките имаат моќ да ја прочистат крвта и да ве ослободат природно од болки, како и да го вратат балансот во телото.

Запомнете го добро овој рецепт, бидејќи ќе ви биде и повеќе од потребен за тековните и идните прослави.

Потребни состојки:

  • 1 шолја вода
  • 2 лажици јаболков оцет
  • Прстофат црвен пипер
  • 5 cm ѓумбир, излупен и изрендан
  • 1 капсула пробиотик (може само правот од капсулата)

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во една чаша додека не се соединат и испијте го магичниот пијалак.

tonik-protiv-mamurlak-od-5-sostojki-recept-koj-kje-vi-bide-neophoden-po-praznichnite-proslavi-02.jpg

Бонус совети од нутриционистката:

Зголемете го нивото на витамин Б во телото и јадете брокула, карфиол, ќељ и зелка, бидејќи содржат ензими кои поттикнуваат детоксикација на црниот дроб.

tonik-protiv-mamurlak-od-5-sostojki-recept-koj-kje-vi-bide-neophoden-po-praznichnite-proslavi-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg