Што да додадете во топлото чоколадо за богат, зимски вкус?
Во ладните зимски денови, нема ништо поубаво од тоа да се стуткате под ќебе и да се засладите со шолја топло чоколадо.

Многумина уживаат во вкусот на овој празничен пијалак, но покрај стандарниот начин на подготовка, може да експериментирате многу повеќе за да го збогатите вкусот и аромата.
Зависно од тоа какви вкусови сакате, може да го збогатите топлото чоколадо со најразлични додатоци – од маршмелоу и алкохол, до чили пиперка и зимски зачини.
Што да додадете во топлото чоколадо за да добиете уште побогат зимски вкус?
Маршмелоу и шлаг

Рум или ликер по желба за богат празничен вкус

Доза еспресо за повеќе енергија

Пеперминт за богата арома и вкус

Сезонски зачини како морско оревче или цимет

Чили во прав за мексикански шмек

Карамела за екстра слаткост

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...