Природен тоник за енергија кога најмногу ви е потребна

Доаѓа 3 часот попладне и веќе немате трпение да заминете дома. Работните обврски се таложат, но не сте баш расположени да ги завршите, особено не кога енергијата ви е на минимум и работното време е при крај.

Priroden tonik za energija koga vi e najmnogu potrebna 01

Во вакви ситуации најчесто посегнуваме по нешто слатко или шолја кафе, но постои пијалак кој е одлична природна опција да си ја вратите енергијата.

Медот ќе ги задоволи и двете потреби, кокосовата вода ќе го хидрира организмот, а солта делува како природен електролит - овој тоник ќе го подготвите за две минути.

Потребни состојки:

  • 2 шолји кокосова вода
  • Сок од 2 лимети
  • Сок од 1 лимон
  • ⅛ лажичка сол
  • 1 голема лажица мед

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер. Блендирајте додека не се стопи медот.

Испијте веднаш или чувајте го пијалакот во фрижидер најмногу 3 дена.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава