Сезонски пијалак кој ги топи килограмите и ги смирува воспаленијата во телото
Искористете ја сезоната на цреши и направете вкусен пијалак после кој ќе заборавите на чувството на глад, а со тоа ќе ви помогне да ги намалите килограмите.

Дополнителен плус е што има моќ да ги смири воспалителните процеси во организмот.
Потребно ви е:
- 100g цреши
- 1 рака спанаќ
- 1 банана
- 3dl козјо млеко или козји јогурт
- Сок од ½ лимон

Подготовка:
Измијте ги црешите, преполовете ги и извадете ги семките.
Измијте го спанаќот и исечкајте го на ситни парчиња.
Банана излупете ја и исечкајте ја на парченца.
Исцедете го сокот од лимонот.
Сите состојки измешајте ги заедно со млекото или јогуртот, во блендер или било какво апаратче за смути. Добро измешајте 2-3 минути.

Пијалакот пијте го додека е свеж, не правете залихи.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...