Кафе-тоник – Зошто да го пробате и како да го подготвите дома?
Ако се вбројувате во вљубениците во кафе, тогаш овој нов освежителен микс ќе ви биде спас во топлите, летни денови.

Не само што балончињата од тоникот дополнително го нагласуваат вкусот на кафето, туку пијалакот е рај и уживање на непцата.
Како да го направите дома овој вкусен мини предизвик?
Подгответе црно, незасладено кафе и оладете го.
Една еспресо шолја е доволна за 1,5 dl тоник.

Во чаша прво ставете го тоникот, додајте коцки мраз, па прелијте со кафе.
Украсете со овошје по желба.


М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...