11 пијалаци што ќе ви помогнат да го забавите стареењето

Смуди со бадемово млеко, банана и авокадо

Бадемовото млеко содржи витамини А, Д и Е кои го одржуваат здравјето и младешкиот изглед на кожата. Истовремено, овој пијалак е богат со калциум и протеини кои се добри за вашите нокти и коса. Авокадото, пак, е богато со здрави масти, а бананата содржи витамини А, Б и Е, состојки кои се одлични за вашата кожа.

Свежо цеден сок од грејпфрут

На нашето тело му е потребен витамин Ц за да произведува колаген. Грејпфрутот е богат со витамин Ц, па сокот од ова овошје не само што ќе ги намали брчките, туку ќе ја направи вашата кожа помлада.

11-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zabavite-stareenjeto-05.jpg

Кокосова вода

Кокосовата вода е богата со минерали и електролити кои се клучни за метаболизмот на аминокиселините, липидите и јаглехидратите. Овој пијалак содржи и растителен хормон познат како цитокинин, кој го поттикнува растот на клетките.

Сок од алое вера

Сокот од алое вера содржи многу аминокиселини и хранливи материи кои го зголемуваат производството на колаген во телото. Антиоксидансите во сокот го поттикнуваат и обновувањето на кожата.

11-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zabavite-stareenjeto-06.jpg

Млеко

Истражувањата покажале дека во 30-тите, губиме до 1% од мускулната маса секоја година. Исто така, секоја деценија мускулната сила се намалува за 12 до 15%. Леуцинот, една од 9-те аминокиселини во нашето тело е одличен за забавувањето на овој процес.

Оваа аминокиселина не само што го регулира растот на мускулните, туку помага и во регулацијата на нивото на шеќер во крвта. Млекото содржи многу протеини, па е одличен извор на леуцин.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg