11 пијалаци што ќе ви помогнат да го забавите стареењето

Знаеме дека стареењето е неизбежен процес и дека доаѓа со сите непосакувани знаци – бела коса, брчки, проретчена коса... Но иако можеби не можеме да го сопреме стареењето, можеме да ја намалиме видливоста на овие знаци. 

11-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zabavite-stareenjeto-01.jpg

Здравиот животен стил и правилната исхрана ќе ви помогнат да го постигнете тоа. Истовремено, постојат и одредени пијалаци кои навистина ќе ви помогнат да остарете грациозно.

Кафе

Можеби кафето го бие лоша репутација, но сè повеќе истражувања го докажуваат спротивното. Покрај тоа, денес постојат докази дека кофеинот го штити телото од хронични воспаленија – чест проблем кај постарите лица. Пиењето кафе може да го намали и ризикот од рак.

Грчки јогурт и овошно смути

Во грчки јогурт додајте овошје како банана и бобинки и ќе си направите моќен сојузник против стареењето. Зрелите банани се богати со пектин, кој пак го контролира нивото на шеќер во телото.

Пектинот помага и во отстранувањето на штетните токсини од телото, што пак е одлично за забавување на процесот на стареење. Бобинките, пак, се одличен извор на витамин Ц, кој го одржува здравјето на кожата.

11-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zabavite-stareenjeto-02.jpg

Вино

Прекумерното пиење вино, или каков било алкохол, може всушност да направи да изгледате постаро. Но умереното пиење вино ги намалува воспаленијата и ризикот од болести поврзани со староста.

Исто така, умереното пиење може да го намали ризикот од деменција и Алцхајмер. За жените е препорачливо најмногу една чаша, а за мажите до две чаши дневно.

Вода

Возрасното човечко тело се состои од речиси 65% вода. Поради тоа, хидратацијата е многу важна за правилната функција на органите и кожата. Без вода, кожата е сува, со брчки и изгледа постаро.

11-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zabavite-stareenjeto-03.jpg

Чај

Зелениот чај е богат со атниоксиданси кои ја спречуваат појавата на брчки. Можете да направите и маска за лице направена од прав од зелен чај, измешана со шолја бел чај. Многу истражувања покажале дека луѓето кои редовно консумираат зелен и црн чај имаат намален ризик од срцеви заболувања

Сок од цвекло

Во цвеклото се наоѓаат нитрати за кои се покажало дека го поттикнуваат дотокот на крв во фронталниот лобус на мозокот. Со ова, нитратите го намалуваат ризикот од деменција и влошувањето на состојбата на мозокот поради возраста.

11-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-go-zabavite-stareenjeto-04.jpg

Уште 5 пијалаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg