Највкусното есенско смути - комбинација од тиква и јаболко

Го откривме совршениот рецепт за највкусно есенско смути кое одлично ги комбинира есенските вкусови на тиква и јаболко.

najvkusnoto-esensko-smuti+01.jpg

Доколку сакате да уживате во здрава, но сепак вкусна ужинка топло ви го препорачуваме ова смути од кое „прсти ќе излижете“.

Во продолжение прочитајте го рецептот, а исто така погледнете го и видеото:

Состојки:

  • ¼ шолја овесни снегулки
  • ½ шолја пире од тиква
  • 1 средно големо јаболко
  • 1 банана исечкана на парчиња
  • 1 лажиче мед
  • ¾ шолја јогурт
  • ½ шолче млеко
  • ½ лажиче мелен цимет
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 6 коцки мраз

Најпрво ставете го овесот во блендерот сам да се блендира околу 30 секунди, додека не се исецка ситно, а потоа додадете ги останатите состојки и блендирајте се додека смесата не се изедначи и уживајте во вкусот!

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава