Рецепт за ајурведски пијалaк за подобар имунитет во ладните денови

Ајурведската медицина е традиционална индиска медицина која претставува една од најстарите медицински системи бидејќи постои околу 3000 години. 

Zlatno-mleko-ajurvedski-pijalok-za-podobar-imunitet-01.jpg

Се базира на холистички поглед кон здравјето, односно го гледа телото како еден целосен систем, додека добросостојбата и здравјето зависат од воспоставениот баланс меѓу телото, умот и духот.

Кога балансот во нашиот организам е нарушен, тогаш настанува болест. Најважна е превенцијата, односно да се одржува рамнотежата и доброто здравје на дневно ниво.

Следниот рецепт за златно млеко е одличен пијалак за есенскиот период, поради здравствените придобивки кои ги нудат состојките меѓу кои:

1. Главната состојка е куркумата, која многу често се користи во ајурведата токму поради антивоспалителните и антиоксидантните својства.

2. Штити од срцеви заболувања поради тоа што овој пијалак го намалува нивото на холестеролот во крвта и ги заштитува крвните садови.

3. Присуството на сиров ѓумбир има антиканцерогени својства, што важи и за зачините цимет и куркума.

4. Ве заштитува од настинки и го подигнува имунитетот поради своите антибактериски и антивирусни својства, бидејќи активните состојќи се борат со инфекциите во телото и го спречуваат размножувањето на бактерии.

5. Ја подобрува дигестијата.

Zlatno-mleko-ajurvedski-pijalok-za-podobar-imunitet-02.jpg

Потребни состојки:

  • 1/2 шолја млеко
  • 1 лажица куркума
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 1/2 лажица цимет
  • Малку бибер
  • 1 лажица мед (по избор)
  • 1/2 лажичка кокосово масло (по избор)

Подготовка:

Загрејте го млекото. Само што ќе зоврие, тргнете го од оган. Додадете ги сите состојки освен медот и мешајте на ниска температура 2-3 минути. Потоа, оставете пијалакот природно да почне да се лади, па на крај додадете го медот.

Консумирајте го пијалакот додека е уште млак.

Медот не треба да се додава додека е жежок пијалакот, бидејќи топлиот мед ја менува својата форма и е потежок за дигестија. За веганска варијатна може да користите млеко од бадем, а наместо мед додадете малку шеќер.

На здравје!

А. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg