3 есенски пијалаци за стоплување кои мора да ги пробате

Есента малку се колебаше со температурните разлики, но се чини дека конечно пристигнаа студените денови. Сè што сакаме е да се стоплиме и опуштиме со топол, вкусен пијалак, особено по долгиот, напорен, работен ден.

3-esenski-pijalaci-za-stopluvanje-01.jpg

Секако, есента и зимата не може да поминат без доза варено вино кое е вклучено во списокот на пијалаци, но дали сте подготвени за пробате нешто сосема ново?

Пунч со вкус на пита со јаболка

Во блендер помешајте сладолед од ванила со врел сок од јаболка. Ќе добиете пенлива мешавина, во која е потребно да додадете уште малку темен рум. Декорирајте со исушени парченца јаболко.

3-esenski-pijalaci-za-stopluvanje (1).jpg

Хот Тоди

Овој пијалак е комбинација од виски, мед и лимон, со цимет и каранфилче. Се мешаат вискито и медот, а потоа се додава врела вода. На крајот се додава свежо цеден лимон, а се декорира со стапче цимет и каранфилче.

3-esenski-pijalaci-za-stopluvanje (2).jpg

Варено вино

Рецептот вклучува црвено вино, сечкана кора од портокал и лимон, цимет, каранфилче, шеќер и бибер.

3-esenski-pijalaci-za-stopluvanje (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава