Шанкерите споделуваат – Кои 3 пијалаци никогаш не би ги нарачале?

Ако ги прашате мајсторите за коктели и сите останати пијалаци, веројатно никогаш нема да ги видите со 3 конкретни миксови во рака.

shankerite-spodeluvaat-koi-3-pijalaci-nikogas-ne-bi-gi-naracale-001.jpg

Листата е следна:

1. Мимоза

Иако овој навидум лесен коктел од две состојки е популарен на сите бранчови, веројатно треба да го избегнувате.

Оригиналниот рецепт содржи сок од портокал и шампањ, но на повеќето места наместо тоа ќе добиете некое евтино пенливо вино кое го нема вистинскиот вкус.

2. Пијалаци кои завршуваат на –тини, а не се мартини

Кога ќе нарачате мартини, добивате совршен спој од вермут и џин и по некоја маслинка. Меѓутоа, кога ќе нарачате, на пример appletini, во препознатливата чаша ќе ви наточат вотка со сок од јаболка.

Во светот се популарни и останатите –тини мешавини кои немаат никаква врска со оригиналниот коктел. Па, прескокнете ги.

3. Рум-кола

Рум-колата е класика која се пие со години, но треба да имате на ум дека преку неколку голтки во организмот внесувате шеќерна бомба.

Ако веќе сакате да експериментирате, пробајте го Dark&Stormy – комбинација од рум и пиво од ѓумбир.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава