Интолерантни сте на лактоза? Не очајувајте, постои решение!

Иако интолеранцијата на лактоза може да предизвика потешкотии во секојдневното функционирање, таа не е опасна по здравјето и со малку дисциплина во исхраната, може да биде скоро незабележлива.

intolerantni-ste-na-laktoza-ne-ochajuvajte-postoi-reshenie-02.jpg

И покрај тоа што се’ повеќе лица дознаваат дека нивниот организам не може да ја разгради лактозата, паниката околу оваа состојба е намалена, знаејќи дека постои функционално решение за неа.

Интолеранцијата на лактоза, всушност, претставува состојба на неможност или намалена способност на варење на млечниот шеќер познат како лактоза. Важно е да направите тест за да дознаете дали сте интолерантни на лактоза или пак сте алергични на млеко. Откако ќе го направите тестот, ќе ги решите дилемите. Многу е важно да се разграничи фактот дека интолеранцијата е различна од алергијата на млечни производи, особено кај децата, чие здравје е многу чувствително.

„Постојат два типа на интолеранција: вродена и секундарна. Вродената е наследна и се јавува веднаш по раѓањето. Од друга страна, секундарната настанува поради одредени состојби во организмот, што предизвикуваат тој да има потешкотии или да престане да лачи лактаза“,  вели д-р Елена Манолева-Николовска, специјалист педијатар, како гостинка во емисијата „Визита“ на Канал 5 телевизија.

intolerantni-ste-na-laktoza-ne-ochajuvajte-postoi-reshenie-03.jpg

Во случајот на интолеранцијата се работи само за намаленост на способноста за дигестирање на лактоза, додека алергијата на млечни производи може да резултира во здравствени проблеми доколку потрошувачот инсистира на консумирање млечни производи. И за разлика од алергијата на млечни производи, за интолеранцијата на лактоза веќе постојат соодветни решенија кои овозможуваат љубителите на млекото безгрижно да продолжат да ги користат омилените млечни производи.

„Симптомите од интолеранција на лактоза може да се јават по 30 минути, еден или два часа. Кај алергијата на кравјо млеко, времетраењето до првите симптоми е сосем кратко – тие се појавуваат веднаш“, напоменува д-р Манолева-Николовска.

Откривањето на проблемот е само првиот чекор кон негово решавање, а тоа бара дисциплина и постојана грижа за дигестивниот систем. Иако млечните производи се главниот иницијатор на непријатностите што ги предизвикува интолеранцијата на лактоза, тоа не значи дека морате да ги исфрлите од секојдневната употреба. Сепак, млекото, јогуртот и киселото млеко се составен дел од скоро сечие мени.

За среќа, на пазарот постои алтернатива во вид на млечни производи без лактоза на Алпско, кои претставуваат решение за дигестивните проблеми кои ги предизвикува лактозата кај луѓето што патат од интолеранција. Понудата на Алпско сега покрај млеко без лактоза, содржи и јогурт и кисело млеко без лактоза, што значи дека отсега можете да уживате во вашите омилени млечни производи без грижа дали истите ќе ви предизвикуваат тегоби, мачнини и подуеност. За лесен ден – Алпско!

Би можело да ве интересира:

Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите? Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не остан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg