Кои се најмалку штетни алкохолни пијалaци?

Ефектите на алкохолот врз телото се широко познати. Од нашите когнитивни функции, па сѐ до физичкото здравје, штетните ефекти секогаш се чувствуваат ако претерате со количината.

koi-se-najamlku-shtetnite-alkoholni-pijalaci-01.jpg

Сепак, социјалните ситуации честопати вклучуваат алкохол, а истиот може и да ви помогне да се опуштите.

На многумина им е голем проблем влијанието на алкохолот врз телото и не знаат како да најдат рамнотежа помеѓу социјалниот и здравиот живот.

Дали алкохолот нè прави дебели?

За сите видови пијалаци важи правилото „калории се калории“ и калориите од еден алкохол не се поштетни од некои други, туку има разлика во состојките помеѓу пијалаците.

Пиењето премногу алкохол може да ја зголеми нашата телесна тежина, исто како и прејадувањето.

Затоа, видот на алкохолниот пијалак е клучен. Додека некои пијалаци се богати со шеќер, другите се „поприродни“, па дури имаат и одредени здравствени придобивки, ако се консумираат умерено.

Ova se najmalku stetni alkoholni pijalaci sto mozeme da gi naracame 01

Најмалку штетни алкохолни пијалаци

Најздравиот пијалак што можеме да го нарачаме е црвеното вино. Виното е богат извор на полифеноли, кои го спречуваат оштетувањето на крвните садови.

Ova se najmalku stetni alkoholni pijalaci sto mozeme da gi naracame 02

Втората најдобра опција е рум - пијалак што се произведува со процес на ферментација на меласа и шеќерна трска.

Овие состојки помагаат во намалување на вознемиреноста, како и на болките во мускулите.

Последната опција треба да биде коктел

Луѓето ги забораваат додадените шеќери во коктелите. Веќе имате калории во вашиот пијалак, а сирупите и соковите што се додаваат имаат дополнителни калории.

На овој начин, пијалакот кој имал само 50 калории, на крај ќе има 250.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава