Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Битолски со 10 витамини - прв јогурт со збогатен состав за поздраво детство

Новиот јогурт е проширување на портфолиото Битолско со 10 витамини, со цел да се понудат производи што се хранлива поддршка на секојдневниот раст и развој на децата

bitolski-so-10-vitamini-prv-jogurt-so-zbogaten-sostav-za-pozdravo-detstvo-01.JPG

Битолска млекара на домашниот пазар го создаде првиот јогурт збогатен со 10 витамини. Битолски јогурт со 10 витамини е производ што е посебно корисен за децата и нивниот правилен раст и развој. Внесените витамини придонесуваат за зајакнување на имунолошкиот систем, за здрави заби, здрава коса и кожа, подобар вид и цврсти коски.

“Родителите постојано бараат најдобри начини да ги поддржат своите малечки што растат. Тие постојано се во потрага по најдобриот совет, пристап до образование и квалитетна исхрана за децата. Одлуката честопати не е лесна, бидејќи има многу различни мислења и совети - што е најдобро за детето. Затоа Битолска Млекара, како компанија посветена на квалитетната исхрана на децата, кои се приоритет во стратегијата за општествена одговорност на компанијата, долго време работеше на развој на нов производ на пазарот - Битолски јогурт со 10 витамини, кој претставува проширување на портфолиото производи на веќе добро познатото Битолско млеко со 10 витамини. Овој производ е наменет за задоволување на потребата од витамини кај сите возрасти, а е одличен избор за сите родители кои секогаш го бираат најдоброто за своите најмлади”, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Родителството воопшто не е лесно. Потребно е многу одрекување, енергија и трпеливост. Среде сите овие моменти, потрагата по најдоброто за детето, во секоја смисла, започнува со најдобриот избор на исхрана. Целосниот психофизички развој на детето потекнува од исхраната. Затоа овој пат со новиот јогурт се збогатува изборот на најнеопходните витамини, и истиот е направен врз основа на придобивките за здравјето и потребите за организмот. Новиот Битолски јогурт е со 2,8% млечна маст и е природен извор на калциум, а збогатениот состав со десетте витамини ги задоволува дневните потреби кај сите возрасти, но посебно е корисен за деца кои се во раст. Витаминот Д3 е посебно корисен за децата заради калцификација на коските, витаминот Е како еден моќен антиоксиданс, витаминот А за добар вид. Улогата на витамините од групата Б е повеќекратна, учествуваат во многу ензимски реакции, добри се за заштита на нервниот систем, за енергија, за здрава кожа и витаминот Б9, односно фолната киселина којашто се препорачува кај трудниците.

Производите под брендот Битолско се познати и докажани како дел од домашен бренд со најдолга традиција во млечната индустрија. Препознатливи за сите генерации, посебно со својот вкус и потврден квалитет.

Би можело да ве интересира:

Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
„Кромид лате“ - Би го пробале ли кафето кое (наводно) ќе биде хит во 2025-та? Еден од коментарите за овој пијалак е: „Не, кромидот нека остане во супата! Сака...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg