Подгответе: Вода со ѓумбир и лимон за здравје и слабеење

Овој пијалак од ѓумбир и лимон е брз и лесен за подготовка. Доколку сакате да го исчистите телото од токсините, ова е одличен избор за вас. 

Volseben pijalak od gumbir I limon za zdravje I slabeenje 01

Покрај тоа што го засилува вашиот метаболизам, овој пијалак ќе го забрза и вашиот процес на слабеење.

Ѓумбирот е моќен антиоксидант кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на организмот. Покрај тоа, помага при надуеност и го забрзува варењето на храната.

Потребни состојки:

  • 300ml  вода
  • Исцеден сок од половина лимон
  • 1 крукче корен од ѓумбир, изрендан

Исцедениот лимон и изренданиот ѓумбир треба да го додадете во чаша млака вода. Оставете го пијалакот да отстои некое време, а потоа консумирајте го на празен стомак.

Важно е водата да биде млака, а не студена. Студената вода може да го забави метаболизмот и варењето на храната, а главната цел на овој пијалак е да се стимулира варењето на храната.

Овој „чудесен“ пијалак може да ви послужи и како детоксикација и подготовка на диети, но и како здрава утринска рутина што ќе ви помогне во чистењето на вашето тело од токсини.

Можете да го засладите пијалакот со малку мед.

За подобри и побрзи резултати, можете да направите поголема количина и да го консумирате овој пијалак неколку пати во текот на денот.

Volseben pijalak od gumbir I limon za zdravje I slabeenje 02

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава