Како да си направите фрапе по рецепт на грчките барови?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Како да си направите фрапе по рецепт на грчките барови?

Ако летово не успеавте да отидете на омилените грчки плажи, барем направете си го омиленото грчко фрапе и уживајте во домашна атмосфера или на отворено во природа. 

kako-da-si-napravite-frape-po-recept-na-grchkite-barovi-01.jpg

Дали ви се случило да не може сами да си го погодите кафето, а кога сте на плажа во Грција фрапето да ви е погодено „таман“ по ваш вкус?

Грците имаат точна доза на кафе и шеќер во зависност од тоа дали ќе нарачате благо, средно или без шеќер. 

Во продолжение погледнете како го прават фрапето, направете си го како што го нарачувате на плажа и уживајте:

  • Благо (glykós) – 2 лажици кафе и 4 лажици шеќер

  • Средно (métrios) – 2 лажици кафе и 2 лажици шеќер

  • Горко или чисто (skétos) – 2 лажици кафе, без шеќер

Ставете малку вода и ставете го под силна машина за матење кафе, со благи движења на чашата нагоре-надоле, додека пената не се надигне и стане густа. Потоа додадете кондензирано млеко или пијте го без млеко, по ваш вкус.

kako-da-si-napravite-frape-po-recept-na-grchkite-barovi-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три освежувачки летни коктели што можете да ги направите и дома Без разлика дали ќе биде мини дружба со најблиските (според препораки) или само ...
Рецепт за домашен сок од јагоди од 4 состојки Ако сакате јаготките да ги претворите во природен сок, овој лесен рецепт ќе ви с...
3 рецепти за есенско смути со вкус на јаболка и цимет Наместо да дозволите есента да влијае лошо на вашето расположение, направете про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg