Одлично освежување во топлите денови: Ледено чоколадно смути со кафе
Кафето е омилениот пијалак на повеќето луѓе, а ако и вие спаѓате овде, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој рецепт.

Леденото чоколадно смути со кафе е одличен начин да се освежите во топлите летни денови, а неговата подготовка ќе ви одземе многу малку време.
Бидејќи станува збор за „ледено“ кафе, некои состојки ќе мора да отстојат во замрзнувач преку ноќ.
Потребни состојки:
- 160 ml кокосово млеко
- 120 ml ладно кафе
- 1 зрела банана, исечена и замрзната
- 1 1/5 лажица какао во прав
- Мед, јаворов сируп или друг засладувач по вкус
Начин на подготовка:
- Ставете го кокосово млеко во сад за мраз и оставете го да замрзне преку ноќ.
- Излупете ја бананата и исечете ја на крукчиња и ставете ја во замрзнувач, исто преку ноќ.
- Одвечер направете го и кафето и оставете го да се излади.
- Во блендер ставете ги кафето, бананата, замрзнатото кокосово млеко, какаото и засладувачот и измешајте ги состојките.
- Блендирајте ја смесата додека не стане кремаста. Ако е премногу густа додајте кокосово млеко или кафе.
- Сервирајте во стаклена чаша и украсете го пијалакот со чоколадни трошки.


Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...