Домашен сок од нане: вистинско освежување за топлите летни денови
Во топлите летни денови најдобро е да пиеме вода, но понекогаш сакаме да вкусиме и нешто освежително.

Покрај овошните сокови и чаевите, можете да пробате да си направите и сируп од нане што дефинитивно ќе ве освежи.
Потребни состојки:
- 10 гранчиња нане
- Шеќер по желба
- 10-тина грама лимонска киселина
- Лимон
Начин на подготовка:
- Потопете ги гранчињата нане во вода со лимонска киселина и парчиња лимон. Добро измешајте и оставете да отстои 24 часа на темно место.
- Следниот ден прецедете ја течноста, додајте го шеќерот и добро промешајте. Повторно оставете да отстои 24 часа, со повремено мешање.
- Следниот ден сирупот е подготвен за складирање. Најдобро да го ставите во стаклени шишиња и да го чувате на студено и темно место.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...