Како да направите ликер од омилените чоколади - Киндер и Фереро Роше?
Кога надвор е тмурно и ладно, сакаме да направиме сé што е во наша моќ за да ни биде удобно и топло. Наш предлог за малку поинаква зимница е – чоколаден ликер.

Седењето дома оваа есен и зима може да биде позабавно, ако си направите ликер од омиленото чоколадо.
Во продолжение, 2 рецепти за чоколадни ликери од Киндер и Роше, а ако сакате безалкохолни, само изоставете ја последната состојка.
За 1,5 литар Киндер ликер потребно е:
- 200g Киндер чоколадо
- 400ml павлака за готвење
- 600ml млеко
- 160g шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 2 јајца
- 220ml вотка
Подготовка:
- Искршете го чоколадото, па заедно со млекото, павлаката, јајцата и шеќерот растопете го во тенџере, со постојано мешање. Смесата не смее да зоврие.
- Кога чоколадото целосно ќе се стопи, додадете ја вотката и уште еднаш кратко ставете ја мешавината на оган.
- Наполнете неколку шишенца по ваш избор и изладете го добро пред да го консумирате ликерот.

За 0,75 литри Фереро Роше ликер потребно е:
- 10 Фереро Роше топчиња
- 3 жолчки
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 100g шеќер
- 150g конзензирано млеко
- 150ml млеко
- 200g павлака за готвење
- 200ml вотка
Подготовка:
- Ставете ги Роше топчињата во сад и искршете ги на ситни парченца. Додадете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер, изматете со миксер и малку стоплете ја смесата.
- Додадете ги преостанатите состојки и миксирајте 5-6 минути, додека смесата е на оган од околу 70 степени.
- Пресипете во шишиња и почекајте добро да се олади.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...