Зимското височество салеп – волшебен пијалак за лесно дишење
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Зимското височество салеп – волшебен пијалак за лесно дишење

Дали сте знаеле дека покрај лековито, салепот има и дејство на афродизијак?

Zimsko-visocestvo-salep-01.jpg

Салепот е брашно од кртолата на орхидеја од видовите Orchis mascula и Orchis militaris). Содржи хранливи материи, скроб полисахарид наречен глукоманан.

Брашното салеп се користи за пијалаци и десерти, посебно во земјите кои биле дел од Отоманското Царство.

Салепот се препорачува при надразнетост на грлото и на горните дишни патишта бидејќи надразнетата слузница ја обложува со тенок заштитен слој и го запира кашлањето.

За подготовка на поголема количина на салеп за целото семејство, потребно ви е:

  • 1l вода
  • 150 g шеќер
  • 5 лажици салеп во прав
  • малку цимет

Начин на подготовка:

  • Кога водата ќе зоврие, додадете го шеќерот и оставете да се вари уште малку, па потоа додадете го салепот.
  • Варете на умерена температура додека да добиете густа течност.
  • На крајот додадете го циметот кој покрај антибактериските својства, воедно му дава прекрасен мирис на салепот.

Придобивки од овој „магичен“, зимски пијалак:

Салепот поради својот хемиски состав претставува експекторанс или добар лек за искашлување и исто така е одличен лек против сува кашлица.

Тој делува и против воспалително и е фантастичен лек за дијареја кај мали деца бидејќи има кулоидна структура.

Го поттикнува срцето и умот и го загрева телото, особено во ладните, зимски денови.

Посебно кога се консумира со ѓумбир или цимет, ефектот дополнително се засилува.

Освен што ги поседува овие лековити својства, за салепот се верува дека е и одличен афродизијак.

Стоплете се во овие студени, зимски денови со чаша топол салеп:

zimskoto-visocestvo-salep-volsheben-napitok-za-potencija-i-lesno-dishenje-02.jpg

zimskoto-visocestvo-salep-volsheben-napitok-za-potencija-i-lesno-dishenje-03.jpg

zimskoto-visocestvo-salep-volsheben-napitok-za-potencija-i-lesno-dishenje-04.jpg

zimskoto-visocestvo-salep-volsheben-napitok-za-potencija-i-lesno-dishenje-05.jpg

zimskoto-visocestvo-salep-volsheben-napitok-za-potencija-i-lesno-dishenje-06.jpg

zimskoto-visocestvo-salep-volsheben-napitok-za-potencija-i-lesno-dishenje-07.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да додадете во топлото чоколадо за богат, зимски вкус? Во ладните зимски денови, нема ништо поубаво од тоа да се стуткате под ќебе и да...
11 пијалаци што ќе ви помогнат да го забавите стареењето Знаеме дека стареењето е неизбежен процес и дека доаѓа со сите непосакувани знац...
Пролетни пијалаци кои се пијат пред спиење и ги топат мастите додека спиете Пролетта е идеално време да почнете со поздрава исхрана, но и со вежби и пијалац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg