„Варен џин“ е новото греано вино – Како да го направите?
Ова е рецепт кој ќе им се допадне на сите на кои им недостасува вкусот на џин, но и на оние кои внимаваат на линијата и исхраната.

Во овој варен џин нема шеќер, туку само се засладува со мед и зачини.
Заменете го традиционалното греано вино со нешто поинакво овие празници.
Рецепт за варен џин
Состојки (за една доза, односно една чаша):
- 25ml џин
- 200ml сок од јаболка
- Лажичка мед
- Слатки зачини – цимет, ванила, ѓумбир...
Подготовка:
- Загрејте го сокот од јаболката заедно со лажичка мед и додадете ги сите зачини кои ги одбравте.
- Кога течноста ќе зоврие, тргнете од оган.
- Во течноста додадете го џинот сосема на крај.
- Ако имте свежо јаболко, исечкајте неколку парчиња и ставете во чашата. Зачинете со стапче цимет. Може да додадете и парче лимон.

М. Д. | Црнобело