Природни сокови и смутија кои ќе ви го намалат чувството на замор
Пролетниот замор не е само уште еден „изговор“ да поспиете до подоцна или да си легнете порано.

Промената на времето и на сезоната сериозно влијаат на ритамот на спиење и на исхраната, а со тоа и на целокупната енергија на телото.
Ова се неколку природни рецепти за брзи пијалаци кои се природни енергетски бомби, без кофеин и шеќер.
Постапката е иста – сите состојки ги ставате одеднаш во блендер или соковник.
Идеја број 1
- ½ шолја спанаќ
- ½ мала краставица
- 1 излупен лимон
- 1 излупен портокал
- 1 лажица излупени семки од тиква

Идеја број 2
- 4 поголеми листови блитва
- 1 морков
- 1 цеден портокал
- Малку лимон
- ½ лажичка куркума
- ½ цвекло
- Рендан ѓумбир и мед по желба
- 200 ml вода

Идеја број 3
- 3 исчистени портокали
- 1 лажица ленено семе
- 100ml ладна вода

Идеја број 4
- 300ml кокосова вода
- 1 зрела банана
- 100g боровинки
- Малку спанаќ
- 1 лажица путер од јаткасти плодови
- Сок од ½ лимон

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...