Одлично летно освежување – направете „пијани јагоди“

Ова е „рецепт“ за кој не ви се потребни никакви гастрономски вештини во кујната, а ќе го обожаваат сите полнолетни кои може да консумираат алкохол.

Napravete-pijani-jagodi-01.jpg

Може да одберете некој од понудените видови на алкохол: просеко, шампањ, вотка, рум, бело, црвено вино или розе. Сите овие одлично се комбинираат во вкусот на јагодите. Добро е да се направи додека уште трае сезоната на ова слатко овошје, но може и со смрзнати.

Нивното обложување во бел, гранулиран шеќер ќе им даде сладок вкус на пијаните јаготки. Задолжително направете го ова летно освежување:

Потребни состојки:

  • 1 kg јагоди
  • 750 ml алкохол по ваш избор
  • ½ шолја шеќер

Начин на подготовка:

  • Измијте ги јагодите и ставете ги во подлабок сад.
  • Истурете го алкохолот и покријте го овошјето.
  • Оставете ги јаготките да се „накиснат“ во алкохолот најмалку 1 час во фрижидерот, а за поинтензивен вкус оставете ги да отстојат прекуноќ.
  • Пред сервирање, истурете ја течноста од јагодите и исушете ги внимателно со салфетки.
  • Извалкајте ги во бел, гранулиран шеќер и уживајте во вкусот.

Napravete-pijani-jagodi (2).jpg

Napravete-pijani-jagodi (4).jpg

Napravete-pijani-jagodi (1).jpg

Napravete-pijani-jagodi (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е од...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg