Моќен пијалак кој ќе ви ја подобри крвната слика и ќе ви ја врати енергијата во овие променливи денови

Доколку поради честите и нагли промени на временските температури, особено во последниов период, се чувствувате исцрпено, и ви треба доза на енергија, задолжително пробајте го овој пијалак. Со сигурност ќе ви помогне да закрепнете.

Mokjen-pijalak-koj-ke-vi-ja-popravi-krvnata-slika-01.jpg

Недостатокот на енергија честопати е резултат и на анемија. Со помош на цвеклото како еден вид на супер-храна, ова смути е мала енергетска бомба.

Не плашете се од вкусот на „земја“ кој најчесто се поврзува со свежото цвекло што на многумина не им се допаѓа. Неговиот вкус ќе биде успешно „маскиран“ од другите состојки.

Сочните цреши, малините, слатка банана и лимонот ќе се погрижат за убавиот вкус и вашата енергија:

Потребни состојки:

  • ½ банана
  • 1 мало свежо цвекло
  • 1 грст цреши (исчистени од семка)
  • 1 грст малини
  • 1 мал морков
  • Сок од половина лимон
  • 2 dcl ладна вода

Начин на подготовка:

  • Потребно е добро да ги измиете состојките и да ги отстраните семките од црешите.
  • Ставете ги сите наведени состојки во блендер, додадете го свежо исцедениот сок од лимон и водата. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
  • Доколку сакате да го разладите пијалакот, слободно додадете неколку коцки мраз. Консумирајте го секогаш свежо подготвен.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg