Летно освежување: Направете си мохито со нане и лубеница
Земете чаша од овој освежителен пијалак и замислете си дека сте на плажа. Сè што ви треба се четири состојки за да го подготвите овој вкусен, освежителен, летен пијалак.

Овој коктел оригинално потекнува од Куба. Доколку сакате, можете да го избегнете румот и да направите безалкохолен коктел, а секако за оние што сакаат „посилен“ пијалак, може да додадете и алкохол.
Рецептот што ви го приложуваме е за поголема количина од овој коктел, па можете да го поделите со пријателите.
Состојките претходно изладете ги.
Состојки:
- ½ лубеница без семки, исечена на парчиња
- 1 врзоп свежо нане, само ливчиња
- 1 лажица шеќер
- 1 лимета исечена на парчиња
- 300 ml бел рум
- искршен мраз
Подготовка:
- Ставете ги парчињата лубеница во блендер да се испасираат, а потоа процедете ги за да добиете чист сок од лубеница. Цврстите парчиња ги фрламе.
- Во поголем бокал ги ставаме ливчињата нане, шеќерот и парчињата лимета. Земете дрвена лажица и со задниот дел истолчете ги нането и лиметата, сè додека шеќерот не се стопи во целост.
- Истурете ги сокот од лубеница и румот, додадете го мразот и промешајте.
- Сервирате во чаши кои претходно се наполнети со мраз и декорирате со ливчиња од нане.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...