После водата со лимон, хит е водата со ананас – Што се случува ако ја пиеш?

Водата со ананас е вкусна алтернатива на обичната вода. Има многу здравствени предности и откриваме зошто е толку здрава и како се подготвува.

posle-vodata-so-limon-hit-e-vodata-so-ananas-sto-se-slucuva-ako-ja-piete-001.jpg

Поради високото ниво на шеќери, сокот од ананас не се препорачува за секојдневно консумирање. Сепак, препораката е различна за водата со ананас.

Како би ја подготвиле, треба само да исчистите половина ананас, да го исечкате на коцки и да го потопите во 1 литар вода. Така треба да отстои цела ноќ.

Која е предноста на вака подготвената вода?

1. Ја олеснува хидратацијата, односно слаткиот вкус ќе ве натера почесто да посегнувате по чашата со вода.

2. Го зајакнува имунолошкиот состав, бидејќи е богата со витамин Ц.

3. Ги намалува воспалителните процеси, намалува секаква болка и го смирува притисокот.

4. Одлична е за добро варење на храната, посебно помеѓу тешки оброци.

posle vodata so limon hit e vodata so ananas sto se slucuva ako ja piete 02

Сепак, треба да ја пиете умерено, не повеќе од 1 литар на ден, со повремени паузи, бидејќи ако се претера може да создаде киселини.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава