Новиот хит пијалак – повод да викнете гости: Рецепт за домашно лате од тиква
Пијалакот на есента, уште попознат како Pumpkin Spice Latte, не мора да го преплаќате. Со овој рецепт ќе си го направите дома, по ваш вкус.

Идеален повод да ги викнете пријателите на мала дегустација и да ја отворите сезоната на есенски специјалитети.
Потребни состојки, за 1 чаша:
- 2 лажици пире од пасирана, варена тиква
- Цимет по желба
- Малку мелен ѓумбир
- Малку мелено мускатно оревче
- 30ml еспресо или силно, црно кафе
- 250ml млеко (може и кокосово, бадемово или обично)
Подготовка:
- Ставете го пирето од пасирана тегла во шолја или чаша отпорна на топло. Додадете ги зачините и кафето. Ако подготвувате поголема количина, сето ова правете го во длабок сад.
- Загрејте го млекото, до точка на зовривање. Префрлете го во измешаното кафе со пире од тиква и внимателно мешајте.
- Додадете уште малку цимет од горе, пред да го послужите.


М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...