Пијалак за топлење во зимските денови - рецепт за бело варено вино

Обично кога се мисли на варено вино, се очекува тоа да биде црвено вино, што е одличен пијалак за затоплување во студените ноќи. Сепак, доколку сте од оние луѓе што повеќе сакаат бело вино, во продолжение еден интересен рецепт и за вас.

pijalak-shto-kje-ve-stopli-vo-studenite-denovi-belo-vareno-vino-01.jpg

Во Германија во претпразничниот период традиционално се пие т.н. Glühwein, што всушност е варено вино со зачини.

Интересен факт е дека вареното вино датира уште од римскиот период. Старите Римјани со цел да го употребат виното што било пред расипување почнале да го варат и да додаваат зачини.

pijalak-shto-kje-ve-stopli-vo-studenite-denovi-belo-vareno-vino-03.jpg

Доколку мислевте дека белото вино не се вари, тогаш сте згрешиле.

Во продолжение проследете рецепт за бело варено вино.

Потребни состојки:

  • 1l бело вино
  • 1/3 филџан мед
  • 1/3 филџан суво грозје
  • 1 исечкан портокал на кругови
  • 1 исечкано јаболко
  • 4 стапчиња цимет
  • 1 стапче ванила (или 1 лажичка екстракт од ванила)
  • 1 лажичка кардамом
  • 1 чајна лажичка каранфилче
  • 1 чајна лажичка ѓумбир

Начин на подготовка:

  • Виното се става во подлабок сад за варење.
  • Се додаваат зачините и овошјето и виното се става да се затопли на средна температура.
  • Кога ќе почнат да се прават мали меурчиња на површината на виното, тоа значи дека пијалакот е пред зовривање, па потребно е дополнително да се намали температурата на ринглата/оганот.
  • Продолжете да го загревате виното уште пет минути, па потоа тргнете го од оган.
  • Готовото вино се покрива и се остава да стои околу 45 минути.
  • Пред послужување потребно е уште еднаш да го загреете малку за да се стопли.

pijalak-shto-kje-ve-stopli-vo-studenite-denovi-belo-vareno-vino-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава