Топло чоколадо со рум од кое сите ќе сакаат уште една чаша

Во текот на зимските вечери сите сакаме да се стуткаме во омиленото поларно ќебенце и да си ја земеме омилената шолја полна со нешто топло, вкусно, благо.

toplo-cokolado-so-rum-od-koe-site-ke-saat-uste-edna-casa-01.jpg

Во овој случај, топлиот пијалак на кој ќе се „навлечете“ има малку чоколадо, малку рум и цимет колку што вие сакате.

Супер е за послужување со путер колачиња, а пријателите сигурно ќе ви побараат уште една чаша.

Во случај да го бараат и рецептот, ќе го најдат тука:

Потребни состојки:

  • 1,5 l млеко
  • 250 g сечкано црно чоколадо
  • 200 ml слатка павлака
  • 1 мала лажичка цимет во прав
  • 5 големи лажици рум

Подготовка:

  • Во голем сад ставете го млекото, слатката павлака, румот и циметот. Загрејте до степен на вриење и потоа тргнете од оган.
  • Кога ќе го тргнете садот, веднаш додадете го исечканото чоколадо. Добро мешајте додека целото чоколадо не се стопи и течноста не згусне.
  • Прелијте во стаклени чаши и украсете со шлаг, рендано чоколадо или уште цимет.

toplo-cokolado-so-rum-od-koe-site-ke-saat-uste-edna-casa-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава