Природен сок кој помага против лошите маснотии и холестеролот
Зголеменото ниво на холестерол во крвта може да предизвика сериозни здравствени проблеми, а во зимскиот период кога кај многумина е зголемен апетитот, а трпезите полни со секаква храна, потребно ни е нешто за прочистување.

Апсолутен победник во природната борба со лошите маснотии е грејпфрутот, а ако го комбинирате со уште неколку состојки добивате природен лек.
Состојки за детокс пијалак:
- 1 грејпфрут
- 2 стебла целер
- 1 китка магдонос
- ¼ излупен лимон
- 3 мали, излупени парчиња свеж ѓумбир
Подготовката е во еден чекор, односно само ги ставате сите сосојки во блендер неколку минути.
Совет: Најдобро е сокот да го консумирате пред ручек, за да оставите доволно време телото да ги апсорбира состојките и да се активираат.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...