2 напитоци кои ќе го ублажат празничното прејадување

Ова е оној период од годината на кој најмногу му се радуваме, но истовремено нè ужаснува поради храната која се јаде во прекумерни количини. Ретко кој може да им одолее на гурманските задоволства, особено во прекрасно друштво и добра атмосфера.

2-detoks-napitoci-protiv-praznicno-prejaduvanje-01.jpg

Речиси и да нема некој што не се прејал за време на празниците. Ви предлагаме 2 детокс освежителни пијалаци кои ќе го разбудат вашето тело, но и ќе го поттикнат варењето во организмот:

Детокс сок од портокал, лимон и мед

  • 4 цедени портокали
  • 1 лажичка сок од лимон (или повеќе по вкус)
  • 1 лажичка мед
  • Прстофат ѓумбир во прав (може и свеж, рендан) и малку цимет

Детокс фрапе

  • 2 цедени портокали
  • 2 dcl јогурт
  • 1 банана
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1 лажичка мед

Сокот можете да го пиете наутро на празен стомак и помеѓу оброците, додека фрапето може да биде одлична замена за ужина или вечера.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава