5 пијалаци што треба да ги пробате додека шетате низ Европа

По кои пијалаци се препознатливи европските земји? Што треба задолжително да пробате ако некогаш се најдете во Норвешка, Шпанија или Русија?

5-pijalaci-shto-treba-da-gi-probate-dodeka-shetate-niz-evropa-01.jpg

Да, Европа е одлично место каде што можете да го поминете вашиот одмор на забава и релаксација со убав пијалaк во рака.

Сепак, овој прекрасен континент нуди повеќе работи и ако сакате нешто што ќе го претставува местото, ќе биде подобро да пробате некој традиционален пијалак.

Греано пиво - Полска

Ова е топло лагер пиво со пена кое е зачинето со вештачки сирупи од ѓумбир или малина, и со зачини, како цимет и каранфилче. Се служи во баровите низ цела Полска, има посебен вкус и е особено популарно во зима, бидејќи се консумира топло.

Но, пред да ја нарачате вашата чаша греано пиво во Полска, бидете трпеливи, бидејќи се потребни од 5 до 10 минути за да се загрее пиjалакот.

5-pijalaci-shto-treba-da-gi-probate-dodeka-shetate-niz-evropa-02.jpg

Орчата - Шпанија

Шпанија е позната по својата кујна, која е богата со свежа морска храна, месо, ориз, маслиново масло и зеленчук. Оваа медитеранска дестинација е добро позната и по алкохолните пијалаци, но, шпанската кујна вклучува и неколку необични пијалаци, како што е орчатата.

Високо консумиран во текот на летото, овој кремаст и безалкохолен пијалак може добро да ве разлади.

Потекнува од Валенсија и се прави од ориз и зачини. Во Шпанија е толку популарен што постојат специјални продавници посветени на него.

5-pijalaci-shto-treba-da-gi-probate-dodeka-shetate-niz-evropa-03.jpg

Мид - Норвешка

Поврзан со Викинзите, мидот е алкохолен пијалак направен од ферментиран мед, вода, квасец, а понекогаш и овошје и зачини, во зависност од локалната традиција.

Процесот на подготовка на овој пијалак е сличен на виното, а главната разлика се состојките.

Древните Норвежани всушност мислеле дека и виното и пивото имаат божествени квалитети, бидејќи и двете се резултати од процес на ферментација, кој се сметал за мистичен процес.

Но, интересно е што многу луѓе велат дека мидот е поблиску до виното отколку до пивото, а овој пијалак е познат и како „медено вино“.

5-pijalaci-shto-treba-da-gi-probate-dodeka-shetate-niz-evropa-04.jpg

Квас - Централна и Источна Европа

Иако Русија најчесто се поврзува со вотка, еден од најпопуларните пијалаци во земјата е квас. Направен од квасен 'ржан леб, пијалакот е познат и низ земјите од Централна и Источна Европа, а може да се опише како пиво без многу алкохол.

Во Русија, квас се прави така што кафеавиот леб се натопува во вода и потоа се додава квасец во него. Смесата ферментира неколку дена, оставајќи го квасот со мал процент на алкохол и со лут, специфичен вкус. Оваа смеса може да се ферментира и со дополнителен шеќер за побрза обработка.

Квасот е особено популарен во текот на летото, кога се служи од големо буре на тркала.

Во Русија постои добро познато летно јадење односно ладна супа - окрошка која се прави со користење на квас како основа.

5-pijalaci-shto-treba-da-gi-probate-dodeka-shetate-niz-evropa-05.jpg

Млеко од афион - Литванија

Веројатно сте запознаени со веганските опции за млеко како млеко од бадем, соја или ориз. Но, дали знаевте дека во Литванија има популарно веганско млеко направено од афион?

Познат како aguonų pienas, овој безалкохолен пијалак се состои од семки од афион, кои се мелат, се мешаат со вода, а потоа се цедат додека не се претворат во концентрат од афионово млеко.

Aguonų pienas е главен пијалак и на Божиќ. Богата со традиции и церемонии, Бадниковата вечера во Литванија е без месо, јајца и без млечни производи и се состои од 12 јадења подготвени да ги претставуваат 12-те апостоли.

Aguonų pienas обично се служи заедно со благи колачи.

5-pijalaci-shto-treba-da-gi-probate-dodeka-shetate-niz-evropa-06.jpg

M. Г. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Хит-рецепт за освежување: Ледено кафе со банани (видео) Овој рецепт ќе им стане омилен на оние што денот го започнуваат со кафе и банана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg