Хит-рецепт за ладно какао од инфлуенсерката Стефанија Несторовска

Освежителен пијалак за топлите летни денови од познатата инфлуенсерка Стефанија Несторовска.

hit-recept-za-ladno-kakao-od-influenserkata-stefanija-nestorovska-01.jpg

Стефанија Несторовска е инфлуенсерка која се фокусира на здравата исхрана и вежбањето. Таа е и сопственичка на два локала во Скопје за здрава храна. 

Нејзиниот Инстаграм профил е вистинска инспирација за многу здрави оброци и пијалаци. А, можеби најпознат е нејзиниот рецепт за ладно какао кое можете да го направите за само неколку минути.

„Јас често го пијам без додадено млеко, само со вода ми е супер. Ако додадете урма и млеко – ќе биде баш како чоколадно млеко. Адаптирајте си го според сопствен вкус и тоа како вас најмногу ви одговара.

Ако немате блендер – можете да го направите и со машинка за нескафе“, објаснува Стефанија.

Како да го направите нејзиниот пијалак?

Потребни состојки:

  • 2,5 лажички какао (може и помалку ако не го сакате многу јако)
  • 1 чаша вода
  • Малку млеко (може и растително)
  • 1 урма или јаворов сируп (по желба, ако сакате засладувач)

Само ставете ги сите состојки во блендер и измешајте.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава