Џин-тоник со праска – освежителен пијалак за топлите денови што мора да го пробате
Доволно е да додадете само неколку парчиња праска за омилениот летен коктел да стане уште повкусен.

Поради суптилниот вкус, џинот е одличен за приготвување алкохолни коктели и лесно можете да го комбинирате со секакви вкусови.
Праските и нектарините, пак, се синоним за лето, па се одличен додаток во летните коктели.
Џин-тоникот е можеби еден од најпопуларните коктели и е мошне едноставен за приготвување, а ако му додадете и праска, ќе добиете навистина вкусен пијалак кој ќе ве освежи во топлите денови.
Потребни состојки:
- 1 мала праска или нектарина
- 2 лажици сок од лимета
- 60 милилитри џин
- Тоник
- Неколку ливчиња свежо нане
Начин на подготовка:
- Измијте ја праската и исечете ја на тенки парчиња.
- Во шејкер ставете ги праската и сокот од лиметата и добро промешајте за да се измешаат вкусовите.
- Додајте го џинот и повторно добро промешајте.
- Во чаша ставете неколку коцки мраз и истурете го пијалакот од шејкерот. На крај додајте го тоникот и украсете со ливчиња нане и нови исечени парчиња праска.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...