Рецепт за греан Аперол со бело вино - зимска варијанта на познатиот летен пијалак

Дали знаевте дека покрај греано вино, луѓето сакаат и греан Аперол? Можеби звучи како летен пијалак, но некој се сетил за една одлична комбинација, па така Аперолот добил и зимска варијанта.

recept-za-grean-aperol-so-belo-vino-zimski-pijalak-koj-kje-ve-zagree-01.png

Во оние денови кога е студено, ништо не звучи подобро од седење дома покрај огнот со некој топол пијалак како греано вино.

Историчарите сметаат дека првиот рецепт за греано вино доаѓа од античките Грци и Римјани, кои земале помалку вкусно вино и го вареле со зачини за повторно да блесне.

Оттогаш, пијалакот стана сезонски главен производ во многу делови од светот. Но, дали знаевте дека покрај греано вино, луѓето сакаат и греан Аперол?

Можеби звучи како летен пијалак, но некој се сетил за една одлична комбинација, па така Аперолот добил и зимска варијанта.

Погледнете во продолжение како да си направите греан Аперол и да се стоплите.

Потребни состојки (за 6 чаши):

  • 750ml бело вино
  • 500ml сок од јаболко
  • 300ml Аперол
  • 2 лажици сируп од портокал
  • 1 портокал
  • 1 лимон
  • За украсување: стапчиња цимет, анасон, рузмарин или по избор

Начин на подготовка:

  • Истурете го белото вино во тенџере и загрејте го на средна температура, но не дозволувајте да зоврие;
  • Додадете сок од јаболко, Аперол и сируп од портокал;
  • Исечкајте го портокалот и додадете го;
  • Оставете сè да отстои неколку минути и исклучете го шпоретот;
  • Топлиот Аперол поделете го во чаши;
  • Исецкајте го лимонот на тенки парчиња и ставете го во чашите;
  • Декорирајте по избор.

recept-za-grean-aperol-so-belo-vino-zimski-pijalak-koj-kje-ve-zagree-02.png

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg