Грешки во готвењето што се пренесуваат од генерација на генерација во кујната
Не го ставате кромидот во вода пред да го сечкате за салата
Многу салати содржат кромид, а тој има силен вкус кој доминира.
За да го намалите интензивниот вкус на кромидот, откако ќе го исечкате, ставете го во студена вода со мраз околу 10 минути и ставете малку сол.
На овој начин ќе се ублажи лутиот и горчлив вкус.
Го мешате оризот додека го варите
Кога го мешате оризот, тој станува кршлив или се гмечи, па наместо цели зрна, може да добиете кашеста смеса.
Наместо да го варите во врела вода што врие, пробајте го овој начин: зовријте ја водата, посолете, намалете го огнот, па ставете го оризот и оставете да се вари на средна или ниска температура.
Печете компири врз хартија за печење или на тава
За компирите да бидат рамномерно испечени од сите страни, топлиот воздух треба да циркулира низ нив.
Затоа, наместо да ги ставате на тава или врз хартија за печење, ставете ги врз решетката од шпоретот.
Пред да ги ставите во рерната, не ги посолувајте, туку направете го тоа пред да бидат готови и вратете ги во рерната уште 10-тина минути.
Јајцата ги пржите студени, штотуку извадени од фрижидер
Ако сакате да испржите јајце на око, извадете ги јајцата од фрижидерот барем 15-20 минути претходно.
Кога се извадени од фрижидер, на жолчката ѝ треба повеќе време да се стврдне и да се испржи.
Во тавата кај што ги пржите јајцата додадете и малку вода и поклопете ги.
Поради пареата, жолчката ќе остане течна, а протеинот ќе биде целосно зготвен.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:




