Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго?

Путер

Освен преку датумот на употреба, мувлата и променетата боја, постои уште еден начин да откриете дали путерот е добар за консумирање или не.

Ако површината е леплива или има интензивна жолта боја, тогаш путерот оксидирал.

Но, добрата работа е што во овој случај можете само да го отстраните оксидираниот дел, а остатокот е добар за консумирање.

jajca-med-kako-da-otkriete-dali-mozhe-da-ja-jadete-hranata-shto-vi-stoi-dolgo-09.jpg

Оцет

Иако е научно докажано дека оцетот не се расипува и има бесконечен рок на употреба, ако не го чувате соодветно, тој ќе ги смени бојата и вкусот.

Затоа, фрлете го ако почне да потемнува или ако во него почнат да лебдат парченца.

Но, ако во самиот оцет почнат да се создава лигава смеса, која ја предизвикува безопасна бактерија која се храни од алкохолните течности, не мора да го фрлате, туку само извадете ја и продолжете да го користите.

jajca-med-kako-da-otkriete-dali-mozhe-da-ja-jadete-hranata-shto-vi-stoi-dolgo-06_copy.jpg

Риба

За да дознаете дали рибата е свежа, освен преку мирис, можете да користите трикови со допир или визуелни трикови.

Рибата е добра за јадење ако кожата има светла металик боја. Но, почнала да се расипува ако ја менува бојата на кожата или се појавиле точки.

jajca-med-kako-da-otkriete-dali-mozhe-da-ja-jadete-hranata-shto-vi-stoi-dolgo-08.jpg

Ако жабрите на рибата се светло црвени и влажни, тогаш е свежа. Не ја јадете ако жабрите се суви и кафеави. Исто така, не треба да ја јадете и ако се појави млечна течност околу жабрите.

Ако очите на рибата се сјајни и јасни, таа е свежа, но ако се замаглени, таа веќе почнува да се расипува.

Ако ја допрете рибата со прст и таа за неколку секунди се врати во првобитната положба, тогаш е свежа.

jajca-med-kako-da-otkriete-dali-mozhe-da-ja-jadete-hranata-shto-vi-stoi-dolgo-11.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Maкедонски нутриционист одговара за CRNOBELO: „Koлку јајца на ден смееме да јадеме?“ „Колку јајца на ден смееме да јадеме, дали влијаат лошо на холестеролот и крвнат...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
Храна која е штетна за луѓе со висок холестерол – го зголемува ризикот од проблеми со срцето Пржената храна, но и тропските масла, како палмино, имаат заситени масти и го по...
7-дневен план со кој ќе ги промените лошите навики за јадење (без да гладувате) На првиот ден исфрлете ги намирниците со рафиниран шеќер и вештачки засладувачи,...

Најчитани неделава